Флуктус

кои сме ние?

Здружението за афирмација на уметноста ФЛУКТУС - СКОПЈЕ е непрофитна организација формирана со цел да ги истражува и проширува границите на уметничката дејност преку изготвување на проекти од мултимедијална природа. Согледувајќи го досега појавениот начин на комуницирање со публиката кој што културните дејци го имаат одбрано како свој модус на изразување, а воедно и на тематиките кои што истите ги имаат проценето како вредни за обработка, сметавме дека е потребно да се тргне во потрага по нови за овие простори, досега неодени начини и средства за израз кои повеќе прилегаат на новиот бран на македонската креативна сила.

Контактирај не

која е нашата визија?

Нашата визија е да ја доближиме до граѓаните мултимедијалната природа на сите форми на творештвото и да ја градиме и зајакнеме позицијата на независната уметност во РСМ.

која е нашата мисија?

Мисијата и целта на Флуктус е да ја афирмираме уметноста и да ги поттикнеме сите граѓани активно и критички да се вклучат во културата како публика, но и како директни креатори на содржините.

Поважни информации:

Статут

Доколку сакате да добивате информации по е-маил, регистрирајте се: