Нашиот Тим

Ова е нашиот тим

card image

Христијан Поп – Симонов

Христијан Поп – Симонов е дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности, во класата на проф. Златко Славенски и е еден од основачите на „Флуктус“. Покрај искуството коешто го има во аудио изработка и пост-продукција, како и графички дизајн, неговото портфолио вбројува претстави и проекти како: „Носталгиумот на еден перфориран копиљ“ – МКЦ 2013, ,, „ТВ Бокс“ – Луменетика Проект 2016, „Енималс“ – Кино Култура 2019, „Калија“ краток филм 2019.

card image

Васко Костовски

Васко Костовски е драмски актер кој дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Златко Славенски. Тој е еден од основачите на „Флуктус“. Во неговото портфолио можат да се среднат голем број проекти, од кои најзначајни се: „Трамвајот наречен Копнеж“ – Театра (2014); „ТВ Бокс“ – Скопски саем (2016), „Уништување на народот или Мојата јетра е бесмислена“ – ФДУ (2019). Во 2020 се здоби со титулата наставник по драмска уметност студирајќи на студиската програма педагошки доквалификации на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Иднината на македонскиот театар ја гледа во што повеќе независни театри и вклучување на мултимедијалноста како изразно средство во нив.

card image

Ангела Стојановска

Ангела Стојановска е дипломиран драмски актер на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Златко Славенски и еден од основачите на „Флуктус“. Ангела има работно искуство во невладиниот сектор, како едукатор на деца и малолетници – дел од драмски групи. Најголемо задоволство и претставува да работи на проекти во сферата на театарската дејност, некои од позначајните претстави на кои има работено се: „Без авторски права“ – Кино култура, (2019); „Каменот“ – ФДУ, (2019); ТВ Бокс – Скопски саем, (2016); „Време за забава“ – МКЦ, (2015); Минатата година работеше на филмот „Te dua, жими мене“ во независна продукција, (2019) и го позајми својот глас за еден од ликовите на анимираниот филм „Џон Вардар против Галаксијата“, Lynx Studio, (2019)

Доколку сакате да добивате информации по е-маил, регистрирајте се: