Нашиот најнов проект е „Самоглас“ – првата платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик креирана со желба за промоција на културниот и едукативниот раст во државата. Платформата претставува веб апликација за пристап до аудиотеката (аудио библиотека) која е нов модел за претставување на литературни содржини на македонски јазик.
Поттикнати од постојаниот пад на просечните оценки на учениците сакавме да донесеме услуга која постои веќе некое време на глобално ниво. Овозможувајќи и олеснувајќи пристап кон литературна содржина за сите. Не само за оние кои сакаат да слушаат аудио книги, туку и за оние на кои им е потребно како лицата со инвалидност, слепите и слабовидни лица, како и лицата со дисклексија.
Зошто аудио книги?
Затоа што:
– им помагаат на лицата со оштетен вид и/или дислексија
– го подобруваат говорот
– ја подобруваат концентрацијата и памтењето
– даваат можност паралелно да работиш и на други активности
– ја зголемуваат читачката навика
– се интересно и возбудливо искуство
Самоглас досега има:
– 4.350 регистрирани корисници на платформата
– 3.600 следбеници на социјални мрежи
– над 20 аудио книги на платформата
– аудио база од над 30 гласови на колеги, актери
Доколку сакате да добивате информации по е-маил, регистрирајте се: